Свет
1. February 2017 - 17:49

Масум: Уредбата на Трамп за Ирак е „шок“

Претседателот на Ирак, Фуад Масум изјави денеска дека одлуката за забрана за влез на ирачки државјани во САД е „шок“ и повика за повторно разгледување на таа уредба.

– Тоа што Ирак се наоѓа меѓу државите чии граѓани им е забранет влез во САД е шок за нас, наведува Масун во соопштение.

Ирачките сили учествуваат повеќе од три месеци во масовна операција за преземање на Мосул последен град во Ирак во кој ИД има упориште. Ирачките сили заедно со коалиција предводена од САД се борат против ИД повеќе од две години.