Тенис
12. May 2016 - 22:15

Мастерс Рим: Ѓоковиќ на Надал во 1/4 финалето

Многу потешко од очекувањата Новак Ѓоковиќ се пласира во 1/4 финале на Мастерсот во Рим откако со 2:1 во сетови го победи Белучи. Тој првиот сет го загуби со 6-0 и за првпат по 2012 година не освои гем во еден сет. Во следните два сета беше 6-2 и 6-3 за Ѓоковиќ. 

Тој во четвртфиналето ќе игра против Рафаел Надал, кој со 2:1 во сетови го победи Ник Кирјос.
Изненадување претставува елиминацијата на швајцарските тенисери Федерер и Вавринка, кои загубија од Тием односно Монако.
Пласман во 1/4 финалето обезбедија уште Нишикори, Мареј и Гофин, кој со 6:0 и 6:0 го совлада Бердих.