Тенис
30. October 2016 - 15:24

Мастерс: Цибулкова ја победи најдобрата во 2016

Словачката тенисерка Доминика Цибулкова триумфираше на Мастерсот што се одржа во Сингапур. Таа во финалето на победи најдобрата тенисерка во 2016 година Анжелик Кербер. За Цибулкова ова е 4.та титула во 2016 година, а осма во кариерата.

Во последниот меч на турнирот Цибулкова беше поуспешна со 6:3 и 6:4 во сетови. По овој триумф таа годинава ќе ја заврши на петтата позиција на ВТА листата, што е нејзин најдобар пласман.
Кербер ќе биде прва, а во мечот во групата на Мастерсот Кербер беше поуспешна.
Ова беше нивни деветти меч и Цибулоква води со 5-4 во победи.
Женскиот Мастерс во Сингапур беше последниот турнир од ова ниво за 2016 година, а се играше за награден фонд од 7 милиони долари.