Спорт плус
9. August 2017 - 9:52

Масовно труење со храна на СП во атлетика во Лондон

Триесет лица,се заразени со стомачен вирус во еден лондонски хотел за време на Светското првенство во атлетика. Заводот за јавно здравје на Англија потврди дека кај две лица е потврдено труење со храна.
 
Исак Маквала од Боцвана се откажа од финалната трка од 400 метри, откако се затрул со храна. Исти проблеми имале бројни официјални лица и судии, сите дел од службениот хотел на Светското првенство. Ирецот Томас Бар, поради труење, исто така се откажа од учество на првенството.
 
Во истиот хотел се сместени и репрезентациите на Германија, Канада и Ирска.