Свет
19. November 2016 - 15:30

Масовни протести во Јужна Кореја

Стотици илјади демонстранти денеска излегоа на улиците на Сеул, четвртипат за четири недели, барајќи оставка од претседателката на Јужна Кореја, Парк Гуен-хе поради вмешаност во корупциски скандал.

На минатонеделните протести учествуваа еден милион луѓе ширум земјата, а само во Сеул, според организаторот имало околу 500.000 демонстранти.

Скандалот изби кога пријателката и соработничката на Парк, Цои Су-сил е уапсена поради измама и злоупотреба на сложбената положба. Таа е обвинета дека влијаела на Парк да ги убеди индустриските компании да вложуваат во сомнителни фондови, а парите ги користела за лични потреби.