Македонија
20. April 2018 - 10:52

Масовна тепачка во Струмица: Удирале со секири и столици

Околу 15 часот вчера во Струмица на улица "Славчо Стојменски" нарушен бил јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Н.А., З.А., Ф.А. Г.А. и Р.А. од едната страна и К.М., А.М. и С.М. од другата страна.

Најпрвин започнала вербална расправија меѓу лицата, по што истите си размениле некоолку удари со боксови, столови и дрги предмети меѓу кои и секира.

Лицата се раздвоени од полициски службеници. Дел од учесниците се здобиле со телесни повреди, додека С.М. е пренесен во Јавна здравствена установа - Општа болница Струмица за укажување на лекарска помош.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.