Живот
12. May 2017 - 10:24

Масовна тепачка на свадба - Се испотепаа гостите

На свадбена веселба во близина на Сан Франциско , дури 50 мажи во свечени костуми учествувале во незапамтената масовна тепачка.
 
Снимката која ја забележа општата тепачка прикажува мажи кои разменуваат удари, се буткаат на под, шутираат, а некои дури своите чевли ги користат како „оружје“ во тепачката.
 
Спорот започнал во хотелот во кој присустувале околу 700 гости, а продолжил на улицата пред хотелот. Тепачката траела околу 20 минути, до доаѓањето на полицијата, пишува „Мирор“ а причината за тепачката сеуште не е позната.
 
Полицијата соопштила дека две лица се наоѓаат во болница поради сериозни повреди, а едно од нив е дури во кома. Амритал Синг(25) е обвинет за нанесување тешки телесни повреди.
https://