Свет
21. December 2018 - 11:24

Масовна тепачка на пратеници: Настана општ хаос поради Путин, фрчеа тупаници во украинскиот парламент

Во текот на вчерашната седница на украинскиот парламент пратениците жестоко се истепаа.

Во општата тепачка во салата на Врховната Рада учестуваат дваесетина пратеници.

До судирот дојде кога член на фракцијата на Опозицискиот блок Нестор Шуфрич го искина транспарентот залепен на говорница, а на кој пишуваше „Путиновиот агент Меведчук - на суд“.

На него тогаш наиде пратеникот од Народниот фронт Јуриј Березов и прво го турна, а потоа и го удри со тупаница во глава.

Е тогаш настана општа тепачка во која се удираше кој кого ќе стигне. Претседателот на парламентот Андриј Парубиј се обидел да ги смири разбеснетите пратеници. По општиот метеж ситуацијата некако сепак се смири.