Балкан
8. March 2019 - 10:04

Масовна тепачка меѓу Албанци и Грци во затвор: Еден затвореник избоден до смрт, а седум се тешко повредени

Еден затвореник загина, а седум се повредени во тепачка во грчкиот затвор Кордалос, јавуваат грчките медиуми. 
 
Тепачката избувнала меѓу затворениците од Грција и Грузија и Албанија. 
 
До тепачката дошло на психијатриското одделение во затворот и во неа учествувале голем број на затвореници вооружени со рачно направени оружја. 
 
Повеќе затвореници се тешко повредени и се префрлени во болница.