Македонија
18. December 2019 - 12:08

Масовна акција за пошумување во Страчинци

Масовна акција за пошумување во населеното место Страчинци на Скопска Црна Гора ќе се одржи денеска, во организација на Општина Гази Баба, а ќе бидат засадени 15.000 багреми.

Акцијата се спроведува со цел ова подрачје да се заштити од ерозија, бидејќи има природни предиспозиции за тоа, но и да се пошумат областите кои летово биле зафатени од пожари.

На настанот ќе учествува градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски кој ќе даде и изјава за медиумите, а најавено е присуство и на претседателот на државата Стево Пендаровски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.