Македонија
21. September 2019 - 8:25

Масовна акција за чистење на скопските општини по повод Светскиот ден на чистењето

 Масовна акција за генерално чистење на сите скопски општини ќе се спроведе денеска во организација на Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје. Во рамки на акцијата ќе бидат отстранети и графитите со навредлива содржина, што промовираат говор на омраза, верска и етничка нетрпеливост.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани,ќе го означат почетокот на оваа акција.

Акцијата ќе се одвива од денеска до 24 септември, а во секоја општина ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните ќе можат да го остават кабастиот отпад – стариот мебел и отпадот од електронската и електричната опрема.