Свет
15. December 2017 - 9:19

Масовен глад се заканува на една третина жители на Јемен

На една третина од регионите во Јемен, со вкупно население од 10,4 милиони луѓе, му се заканува глад, изјави Фархан Хак, портпарол на генералниот секретар на ОН.

Според него, хуманитарната ситуација во државата се влошува заради конфликтот и ограничениот увоз на стоки неопходни за „преживување на јеменскиот народ“.

– Луѓето не знаат како да најдат храна што ги прави се повеќе подложни на болести, нагласи Хак.

Претставникот на ОН ја повика коалицијата предводена од Саудиска Арабија да не ги попречува испораките на хуманитарна помош и трговските пратки.

Од поништувањето на блокадата над Јемен, коалицијата дозволила во државата 116 тони храна и други неопходни стоки. Шест  бродови не успеале да стигнат во пристаништата Ходејда и Ал Салиф бидејќи не добиле одобрение да влезат во територијалните води на Јемен, доаде Хак.