Македонија
30. May 2016 - 17:02

Маслото од канабис од идната недела во слободна продажба во аптеките

Пресудата за Захир Бекири Чауш и неговиот брат ќе биде соопштена утре. Двајцата обвинети во Фабриката за афери, побараа да бидат ослободени, бидејќи само на таков начин според нив судот ќе ја докаже својата правичност и независност. И во завршните зборови, Чауш повторно обвини дека целиот случај против него е монтиран од највисокото раководство на МВР. Според нивната одбрана, пак податоците кои биле пронајдени во домот на обвинетите на никаков начин не се злоупотребени, а нивното поседување не е забрането.Адвокатот тврди дека со доказите на обвинителство не може да се оправда ни притворот во кој се наоѓаат обвинетите и затоа смета дека тие не треба да добијат ниту затворска казна.

 Обвинителство пак побара двајцата обвинети да бидат осудени за сите три кривични дела, а судот да ги отфли тврдењата дека податоците во овој случај се подметнати, бидејќи тоа е невозможно. Според нив, домот на Чауш наликувал на вистинска работилница за изработка на фалсификувани документи, а во неговиот компјутер беа пронајдени и 105 лажни лични карти, кои се совпаѓаат со аферата која ја објави Фокус. Истрагата покажа дека дека Чауш како активен член на СДСМ, бил во честа комуникација со Зоран Заев и Оливер Спасовски, а во неговиот дом беа пронајдени и 70.000 прислушувани разговори.