Македонија
25. May 2018 - 11:49

Маскирани разбојници ограбија бензинска пумпа во Радишани

Рано утрово во 03.55 часот во Единицата за информации и команда Скопје, вработен на бензинска пумпа на влез на Радишани-Скопје пријавил дека две непознати маскирани лица извршиле разбојништво над него.

Сторителите со закана со оружје ги одзеле парите од дневниот промет и побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за расчистување на случајот.