Маскирани лица фрлале предмети кон женскиот оддел во КПУ „Идризово“
Две непознати маскирани машки лица, облечени во црна облека вчера пред женскиот оддел од КПУ „Идризово“ во Скопје фрлале предмети кон прозорците на објектот. Откако биле забележани од затворските службеници тие побечнале од местото на настанот.
Лицата во 22:30 часот ги забележала затворска службеничка и по радио врска го известила главниот командирот на КПУ „Идризово“ кој упатил дополнителни затворски службеници упатувајќи ги кон објектот.
- Притоа, откако затворските службеници ги забележале двете лица, коишто по претходно предупредување - стој - не застанале, двајца затворски службеници со службена автоматска пушка и пиштол, во воздух испукале по два предупредувачки истрела. Непознатите лица се оглушиле на предупредувањата и побегнале во правец на селото Идризово, соопшти МВР.
Полициски и затворски службеници, извршиле преглед на поблиската околина со цел пронаоѓање на лицата. СВР Скопје продолжува со истрага до целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара