-->
-->
Маскерано го засилува Јувентус
-->
Аргентинецот Хавиер Маскерано, во летниот преоден рок ќе ја напушти Барселона и ќе се пресели во Јувентус, тврди каталонскиот весник Спорт.
Како што пишува весникот, Маскерано (31) во Јувентус треба да биде дел од проектот, кој на „Старата дама“ ќе и ја донесе титулата во Лигата на шампиoните. Исто така, се наведува дека Јувентус понудил подобри финансиски услови од оние кои Маскерано ги има во Барселона.
Хавиер Маскерано пред шест години пристигна во Барселона од Ливерпул и вкупно освоил 15 титули со „Блауграна“, вклучувајќи и две во Лигата на шампионите и четири во Примера.
За аргентинската рперезентација одиграл 123 натпревари, а со националниот тим има два златни медала од Олимписките игри (2004, 2008).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците