Бизнис
29. March 2018 - 20:42

Масит: Зголемување на персоналецот за плати над 1.000 евра ќе ги избрка информатичарите од земајава

Зголемувањето на данокот ќе ги избрка квалификуваните работници од земјава. Најавената даночна реформа која ќе значи персоналец од 18% за приход на 1000 евра силно ќе удри на ИКТ индустријата. Во моментов во овој сектор работат околу 6000 високо квалификувани работници и компаниите се соочуваат со сериозен недостиг ка кадар. Зголемувањето на данокот ќе доведе до одлив и на тие работници кои ги имаат.

Даночната реформа ги извади на виделина и несогласувањата во Владата. За разлика од министерот за финансии кој смета дека лицат со приход од 1000 евра се богати и треба да плаќаат повеќе, вицепремеиеот Ангушев смета дека прагот за поголемо даночење треба да биде повисок. Бизнис секторот овој пат е на страната на вицепрмеиерот.

Стопанствениците велат дека зголемените даноци ќе продуцираат сива економија и ќе значат враќање назад на земјава.

Од наредниот месец ќе почне вистинската дебата за даночната реформа. Таа ќе почне да важи од следната година.