Loading Video...
Свет
20. February 2018 - 17:40

Масакр во Сирија-Стотина убиени и повредени во нападите во Гута

Во воздушните и артилериските  нападите на силите на сириската влада врз  источна Гута во близина на Дамаск, убиени се стотина луѓе меѓу кои и 20 деца. Бомбардирањето  се засилило од  неделата вечерта, при што биле повредени стотици лица, голем број од нив се во критична состојба. Вчера биле бомбардирани најмалку четири  болници, вклучувајќи и центар за породилна нега, некои од нив неколку пати, по што сега се нефункционални. ОН побараа  веднаш да бидат прекинати нападите врз  источна Гута, кој од 2013 година е во рацете на бунтовниците.