Масакр во Калифорнија: Најмалку 12 луѓе загинаа во вооружен напад во кантри бар
Најмалку 12 луѓе загинаа при нападот во во кантри барот „Бордерлајн“ во Таузенд Оукс, изјави локалниот шериф Џеф Дин.
Тој додаде дека се уште е рано да се шпекулира за мотивите за маскакрот.
Претходно беше објавено дека во барот е пронајдено безживотното тело на напаѓачот.
Во кантри барот „Бордерлајн“ во моментот на нападот имало стотина луѓе, а пукањето траело и кога дошла полицијата.
На сајтот на барот за среда вечер е најавена студентска вечер и часови по кантри танц.
За сега е познато дека непознат маж синоќа во бар во местото Таузенд Оукс, на околу 60 километри западно од Лос Анџелес и со околу 130.000 жители, прво испукал неколку куршуми, потоа фрлил димни бомби, па продолжил да пука.
„Лос Анџелес Тајмс“, повикувајќи се на локалната полиција, јави дека се испукани најмалку 30 куршуми.
Сведоци изјавиле дека во барот повеќето биле студенти, дека ситуацијата била хаотична и оти луѓето почнале да скокаат од прозори.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж