Loading Video...
Свет
6. October 2022 - 16:31

Масакр во градинка во Тајланд, најмалку 38 загинати меѓу кои и деца

Најмалку 38 лица се  убиени во напад со пиштол и нож од страна на поранешен полицаец во градинка  во тајландскиот град  Нонг Буа Лампу. Меѓу жртвите има најмалку 20 деца, некои на возраст од 2 години. Некои од децата биле убиени додека спиеле.  

По масакрот  во градинката,  напаѓачот ги убил сопругата и детето, по што се самобил. 

34 годишниот Пања Камраб  бил на судско  рочиштето за обвинение за дрога пред да дојде во градинката во која одело  негоивот дете иако се уште не е потврден мотивот за масакрот , дел од локалните медиуми објавија дека крвавиот поход почнал отккако дознал дека неговоот дете не дошло во градинката.  Напаѓачот лани бил отпушен од полициксите сили поради упортеба на дрога.