Свет
18. July 2016 - 23:36

Масакр во германски воз: Влетал со секира во воз и повредил повеќе од 20 патници!

Повеќе од дваесет лица се повредени во Германија, откако непознат маж вечерва влегол во воз со секира и почнал да напаѓа, јавува „Би-Би-Си“.

Во тек е полициска акција, а хеликоптерите кружат над квартот Хајдингсфелд во Вирцбург, јужна Германија.

Според локалните медиуми, повредени се 21 лице, а напаѓачот наводно е застрелан.

Германската новинска агенција ДПА јавува дека меѓу повредените има неколку лица кои се воживотна опасност.

Мотивите за нападот не се јасни, а пругата меѓу Вирцбург-Хајдингсфелд и Оксенфурт е блокирана