Балкан
12. August 2022 - 18:45

Масакр во Цетиње: Mаж уби повеќе лица

Mасакр се случи денеска во црногорскиот град Цетиње, каде загинаа најмалку седум лица, јавија локалните медиуми. Станува збор за семеен конфликт. Напаѓачот е убиен, а меѓу ранетите има и деца и полицајци.

Како што пишува црногорски Дан, не станува збор за конфликт меѓу криминални кланови, а лицето кое пукало во цивилите и полицајците е убиено. Дан пишува дека напаѓачот не дозволил итните служби да им помогнат на повредените. Полицијата е на терен.

РТЦГ јавува дека загинале најмалку седум лица. Тешко повредените се пренесени во Клиничкиот центар на Црна Гора. Засега не е познат идентитетот на лицата, а Радио Цетиње јавува дека полицаец е ранет во главата.