Свет
5. February 2016 - 8:47

Масакр: Шест тела пронајдени во куќа, меѓу жртвите и дете

Тела на четворица мажи, една жена и едно 12-годишно дете се пронајдени во квартот Гејџ Парк.

Во една куќа во западниот дел на Чикаго се пронајдени шест тела, од кои најмалку едно лице е избодено, а некои имаат рани од огнено оружје.

Како што се наведува во прашање е семејството Мартинез, кое во овој кварт се доселило пред 9 години.

Полицијата се уште не ја утврдила причината за смртта на шестмината луѓе.