Свет
27. January 2018 - 20:59

Масакар во ноќен клуб: Најмалку 14 мртви, меѓу нив двајца малолетници

Најмалку 14 лица, меѓу кои двајца малолетници загинаа во ноќен клуб во градот Форталез во североисточниот дел на Бразил.

Вооружените напаѓачи биле со три автомобила кои ги паркирале пред клубот.

Локалните медиуми јавија дека тие се припадници на криминална банда која е вмешана во криумчарење со дрога.

Секретарот за безбедност во бразилската држава Сеара, Андре Коста на прес-конференција информира за загинатите во клубот „Форо до Гаго“.

– Нема причина за паника и страв. Тоа се случува еднаш, како и насекаде во светот со 50 или 60 загинати, рече Коста, додавајќи дека полицијата не можела да го спречи нападот.