Македонија
12. January 2019 - 9:09

Мас очекува и грчкиот Парламент да даде согласност за Договорот од Преспа

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, по синоќешното изгласување на уставните измени во македонското Собрание преку соопштение изрази очекување дека и Грција ќе даде согласност за Договорот од Преспа и оти Македонија потоа ќе стане членка на НАТО и ќе почне преговори со Европската унија.

– Решението на спорот за името помеѓу Скопје и Атина е на дофат. Очекувам дека и грчкиот Парламент ќе даде согласност за договорот и дека земјата Северна Македонија потоа брзо ќе му се приклучи на НАТО и ќе може да почне преговори за приклучување во ЕУ. Спорот за името помеѓу Скопје и Атина траеше 27 години. Одговорните, пред се, премиерот Ципрас и премиерот Заев, презедоа енормни напори за конечно да се реши овој конфликт. Тие дадоа охрабрувачки пример за тоа дека упорната работа со факти, издржливоста и политичката храброст во дипломатијата може да доведат до успех. Ова испраќа охрабрувачки сигнал во целиот регион, наведува шефот на германската дипломатија во соопштението пренесено од Дојче Веле на македонски јазик.