-->
-->
Мас: Германија отстрани повеќе земји од „црвената листа”
-->
Германија денеска отстрани неколку држави и региони од „црвената листа” на земји ризични за патување поради коронавирусот.
Меѓу тие земји се САД, Канада, Швајцарија, Австрија и некои региони на Грција, соопшти Институтот за заразни болести „Роберт Кох”.
Новите правила за патување ќе почнат да важат од недела.
– На многу места бројот на заразени се намалува, а се повеќе граѓани се вакцинираат, изјави шефот на германската дипломатија Хајко Мас.
Тој додаде дека по повеќе долги месеци целосен карантин, „можеме да се радуваме на поголем степен на нормализација, а тоа се однесува и на патувањата”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи