Мас: Германија и САД имаат комплицирани односи
Односите меѓу Германија и Соединетите држави се комплицирани, изјави германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, по повод најавата на Вашингтон да повлече дел од американските трупи од Германија.
Мас за „Билд сум Сонтаг“ изјави дека Берлин ќе покаже жалење доколку навистина дојде до ваков развој на настаните и дел од американските трупи во Германија се повлечат.
-Ние ја цениме соработката со американските трупи што се развиваше во текот на изминатите децении. Таа е во интересот на двете држави, рече Мес.
Британските медиуми наведуваат дека Мас признава дека постојат одредени разлики во односите меѓу двете земји.
-Ние сме блиски партнери во трансатлантскиот сојуз, но, тоа е комплицирано, изјави шефот на германската дипломатија.
Британските медиуми додаваат дека претставници на владеачкиот конзервативен блок на германската канцеларка Ангела Меркел вчера ја критикуваа одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да повлече 9.500 американски војници од Германија.
Доколку САД навистина повлечат дел од своите трупи, бројот на американски војници во Германија ќе се намали од 34.500 на 25.000.
Неименуван американски службеник изјави дека планот за повлекување на дел од трупите со месеци бил разгледуван во Прентагон и нема никаква врска со тензиите во односите меѓу претседстелот Доналд Трамп и канцеларката Ангела Меркел.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка