Мартовската нето плата 26.422 денари, за 7,4 проценти повисока од лани
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2020 година изнесувала 26.422 денари што во однос на истиот месец лани е зголемување за 7,4 отсто. Бруто платата, пак, била 39.437 денари што е раст од 8,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.
Зголемувањето на нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12,2 отсто), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11,2) и Преработувачка индустрија (9,8 проценти).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15,6 отсто), Уметност, забава и рекреација (15,4) и Стручни, научни и технички дејности (9,9).
Зголемувањето на бруто платата, според статистика, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование (13,3 отсто), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11,5) и Преработувачка индустрија (10,6).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15,9 отсто), Уметност, забава и рекреација (15,5) и Стручни, научни и технички дејности (8,7).
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
-
ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово