Марш за женски права – „Држава што не постапува е држава што силува“
По повод Меѓународниот ден на жената, денеска со почеток во 15:00 часот, од пред Министерство за внатрешни работи ќе започне петтиот Марш за женски права.
-На овој протестен марш под слоганот „Држава што не постапува е држава што силува“ заеднички ќе упатиме порака дека не можеме да бидеме слободни, кога сè уште се бориме за нашите работнички права, достоинство и почит, и живееме под закана од насилство и системска дискриминација, велат од Платформата за родова еднаквост, кои заедно со активистки за женски права го организираат осмомартовскиот марш.
Оттаму велат дека маршираат бидејќи држава што не постапува е држава што силува. Маршираат за поддршка на сите жртви на криминалната група „Јавна соба“ и сите жртви на родово засновано насилство. Маршираат за да ги потсетат институциите, МВР и Јавното обвинителство дека нема да застанат додека не се исполнат навните барања.
-Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство. Кривичен прогон на администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и сѐ уште праќаат фотографии и објавуваат лични податоци на девојки и жени.Сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик. Професионално постапување, помош и поддршка на жртвите на родово засновано насилство од страна на сите надлежни институции, се барањата на Платформата.
Маршот за правата на жените ќе се одвива според однапред определена рута, тргнувајќи од пред МВР кон Паркот „Жена Борец“ каде ќе заврши со обраќање до јавноста и институциите.
Претходно, Платформата упати барање и апел до работодавачите да ги ослободат работничките од обврски на 8 март од 14 до 17 часот, со цел да присуствуваат на овогодинешниот марш.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово