Македонија
11. July 2017 - 8:19

Марш на мирот за Сребреница во Скопје

Бошњачката културна заедница на Република Македонија, која воедно претставува и сојуз на невладини бошњачки организации во земјава, денеска ќе одржи Марш на мирот за Сребреница со цел да се одбележи 22-годишнина од геноцидот над Бошњаците во истоиметиот босански град. 

Како што информираат организаторите, маршот ќе започне од пред Мурат пашината џамија во Старата скопска чаршија. За време на маршот ќе биде прочитана овогодишната порака на здружението по повод одбележувањето на геноцидот над Бошњаците.