Свет
12. November 2017 - 13:44

Марш на екстремната десница во Варшава: „ Чиста Полска, бела Полска“

Десетици илјади луѓе денеска учествуваа на маршот организиран од екстремно- десничарските активисти во Варшава.

Демонстрантите извикуваа верски и расистички слогани како „Бог, чиста Полска, бела Полска".

Според полициските претпоставки на маршот на крајната десница, имало околу 60.000 луѓе.

На демонстрациите имаше и  десничари од другите делови на Европа, меѓу кои и британскиот Томи Робинсон и италијанскиот Роберт Фиор.

Демонстрациите се совпаднаа со Денот на независноста на Полска, а членовите на владејачката Партија на правото и правдата учествуваа во прославите и церемониите.