Фудбал
11. July 2020 - 9:47

Марсело отсутен до крајот на сезоната

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан има многу проблеми пред крајот на сезоната, каде во моментот имаат предност од четири бода во однос на Барселона во шпанскиот шампионат.

Еден Азар е повреден, Лука Јовиќ е отпишан, бидејќи бил во контакт со лице кое било заразено со коронавирусот, па затоа мора да помине во самоизолација, додека сега е откриено дека и Марсело исто така се здобил со повреда.

Бразилецот го повредил левиот бут и ќе мора да одмора најмалку 20 дена, практично до крајот на сезоната.