МАРРИ бара обезбедување регионална база на податоци за идентификација на мигрантите
Македонија и земјите од Балканот треба да работат на идентификување на мигрантите, за што е потребно е да се обезбеди регионална база на податоци.
Дваесетина експерти од сите балкански земји, бараат решенија како државите членки на МАРРИ ефикасно да ги идентификуваат мигрантите .
Освен основните податоци за мигранитте, постапката ќе помогне и за откривање на џихадистите од Исламската држава кои се инфилтрираат во бегалците, со цел регрутирање нови борци или извршување терористички напади.
Под покровителство на Велика Британија ќе се ангажираат преведувачи од јазиците од Блискиот Исток кои заедно со службите на терен ќе работат на идентификација на мигрантите.
Потребада од идентификација и селекција на тоа кој е бегалец а кој економски мигрант ја потенцираше и Францускиот државен секретар за Европски прашања Арлем Дезир.
Дезир заедно со државната секретар на македонскот МВР го посети граничниот премин Табановце каде потенцираше дека Франција е задоволна од третманот на Македонија кон мигрантите.