Фудбал
8. February 2016 - 18:22

Марота: Алегри останува „црно-бел“

Претседателот на Јувентус Бепе Марота демантираше дека тренерот на италијанскиот првак Масимилијано Алегри ќе го напушти клубот и ќе мине во лондонски Челзи. 

„ Сега е клучен дел од сезоната и треба да се фокусираме на тоа. Договорите не се важни како што се односите и довербата помеѓу луѓето. Ги имаме сите услови да ја продолжиме соработката со Алегри“- изјави Марота. 
За стратегот на „Старата дама“ најважно е да се мисли на првенството, купот и ЛШ бидејќи има договор до 2017 година.