Мароко од безбедносни причини ја забранува продажбата на бурки
Во Мароко од безбедносни причини забранета е продажба и производство на бурки, јавуваат локални медиуми.
Забраната се однесува на бурки кои прекриваат цело лице, додека голем дел од жените во Мароко носат марами без вел или никаб. Иако Владата не издаде никаков официјален документ за забрана на производство и продажба на бурки, на производителите и продавачите им се пристигнати писмени известувања, односно предупредувања да престанат да произведуваат и продаваат, објави весникот „Индепендент“.
Марокански медиуми јавуваат дека тоа е поради безбедносни причини и дека голем број криминалци користат бурки за да го скријат својот идентитет.
Претставници од МВР посетиле голем број продавници за да предупредат дека ризикуваат во следните 48 часови да им бидат конфискувани сите прозводи доколку не ги претворат бурките во нешто друго или да се ослободат од нив.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори