Бизнис
12. April 2018 - 20:45

Марлборо поскапеа за 10 денари - од сега овие цигари се поскапени во Македонија

Дел од цигарите во маркетите низ Македонија поскапеа. Така, според фотографијата која ни ја испрати читател, ако сакате да купите Марлборо, треба да дадете 10 денари повеќе.

Поскапени се и Бренд, за два денари и Ориентал за 5 денари, јави Емагазин.

Акцизата на цигарите постепено треба да се зголемува во наредните години.

Од циклусот во 2023 година една кутија може да чини и близу 200 денари.