Живот
9. November 2017 - 12:18

Марко заминал во Германија на работа: За брзо се вратил назад, а ова се неговите причини

Свесен дека можностите во Томиславград во БиХ да најде работа се мали, Марко Багариќ по завршувањето на средното училиште заминал во Германија. Како што вели тој сфатил дека животот во Германија не е за него.

- Живееш работна недела од понеделник до петок и фокусиран си на работа, на доаѓање дома, спиење, будење, истата работа. Петок, сабота излегуваш, живееш од плата до плата - рекол тој.

Сепак во Германија не е толку лошо, му се допаѓало тоа што не добивал "глупи коментари" на работа за тоа каков е во приватниот живот. За 6 месеци работа во Германија работел на градилиште и поставувал клими.

- Секога гледав на враќање дома. На шетање со кучето, да ги видам своите луѓе да испијам кафе со нив. Не ме интересираше ништо со што би се формирал.

Додал дека има добар татко и дедо и дека со малку труд може да успее во БиХ.

- Останувам во БиХ да се формирам како личност. Да се свртам кон други работи, да одам да работа, студирам. Сега сум задоволен од животот кој го водам - рекол Марко.

Погледнете го видеото: