-->
Марко Ван Бастен ќе ја предводи делегацијата на ФИФА в четврток во Скопје
Марко Ван Бастен, легендарниот холандски фудбалер, сега во улога на директор за технички развој во ФИФА, ќе ја предводи делегацијата на Светската куќа на фудбалот по повод отворањето на сместувачкиот капацитет во комлексот „Куќа на фудбалот“ во четврток, 15. февруари.
Покрај легендарниот голгетер Ван Бастен, гости на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски ќе биде и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, директорот на одделот за Национални асоцијации при УЕФА, Зоран Лаковиќ и Бјорн Васало, директор на Национални селекции при ФИФА.
Новиот објект во склоп на комплексот „Куќа на фудбалот“ содржи сместувачки капацитет за учениците од ФФМ/УЕФА Елитната академија, како и за младите национални тимови. Целосно се опремени за живеење 30 двокреветни соби, апартмани за селекторите и стручните тимови, како и заеднички простории - сала за состаноци, училници и заедничка кујна и трпезарија. Сместувачкиот капацитет е наменет за престој на учениците од фудбалската академија во текот на училишната година, а по потреба ќе се користи и за младинските национални тимови во пресрет на натпреварите.
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку 18 загинати во поплавите во Руанда
-
Тоше не требал да ја пее: Еве за кого била „Игри без граници“
-
Имала сцени и порано, дури се сечела и со нож – Наташа му се заканувала на Лука?
-
На овие два хороскопски знаци на крајот на месец април ќе им се исполнат љубовните желби
-
Каменецот од тушот и кадата ќе падне без рибање: Не давајте пари за скапи средства
-
Паднала од прозорец додека ги спуштала ролетните - соседите ја нашле во локви крв
-
Трамп му го чистеше првутот на Макрон - хит видео во светот
-
Робертсон во интервју за МИА: Вистински патриотизам е да се направи она што е најдобро за идните генерации