Тенис
22. јуни 2020 - 11:30

Марко Паники, тренерот на Ѓоковиќ позитивен на Ковид-19

Марко Паники, тренерот на број еден тенисерот Новак Ѓоковиќ е позитивен на коронавирус, потврдија од екипата на Новак, јавува српски „Телерграф“.

Биле направени тестови за корона на 23 тенисери, а од нив тројца се позитивни  на корона меѓу кои е и најдобриот хрватски тенисер Борна Ќориќ, дознава „Вечерњи“, но и Кристијан Грох.

Паники, Ќориќ и Грох остануваат во Задар во самизолација.

Уште 19 други тенисери учесници на „Адриа купот“ биле тестирани, но тестовите биле негативни и тие можат да го напуштат Задар.

Имено и покрај тоа што неговиот тренер е позитивен на коронавирус, сепак првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, одби да се тестира за коронавирус во Хрватска.

Григор Димитров, еден од тенисерите со кои Ѓоковиќ беше во близок контакт и кој учествуваше на турнирот во Задар и беше во близок контакт со него, објави дека се заразил.

Сепак Ѓоковиќ истакнал дека не сака да се тестира, затоа што се чувствува добро и не доживува симптоми, а истото се однесува и за другите лица од неговиот тим и околината.