Маркез возеше шампионски во Сан Марино
Мото ГП шампионот Марк Маркез доби уште една директна пресметка оваа сезона, откако по фантастичната борба во последниот круг го победи францускиот дебитант Фабио Квартараро на Сан Марино ГП трката во Мизано.
Квартараро беше лидер во сите претходни 26 кругови, но ќе почека за деби-победата, откако Маркез уште еднаш покажа зошто е шампион, поминувајќи го двапати во последниот круг. Освојувачот на пол-позицијата, Маверик Вињалес во Јамаха на крајот заврши како трет пред Валентино Роси, Франко Морбидели и Андреа Довициозо.
Маркез стартуваше од петтото место по судирот со Роси на квалификациите, и успеа да стигне до четвртото место во првиот круг, за потоа да го помине Морбидели и да тргне по лидерите. Додека стигна до второто место, Квартараро направи предност од повеќе од една секунда, но Маркез за два круга беше зад него.
Со победата Маркез има неверојатна предност од 93 поени во генерален пласман, со само 150 поени за освојувње во последните шест трки од сезоната и тешко е да се очекува дека некој ќе успее да го сопре.
Ново на Сител
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија
-
Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
-
Почина затвореник во „Идризово“