Loading Video...
Спорт плус
3. August 2019 - 16:00

Маркез убедливо до пол-позицијата за чешкото Гранд-при

 
 
 
По речиси едно месечна пауза продолжуваат возбудувањата во Мото ГП шампионатот. 
 
Утре на програмата е 10-тата трка, која ќе се вози на патеката Брно, за Големата награда на Чешка. 
 
Шпанецот Марк Маркез ќе ја има пол-позицијата. Актуелниот шампион Маркез имаше неверојатни квалификации кои ги заврши со дури 2,5 секунди побрзо време од второпласираниот Џек Милер. 
 
За Маркез оваа дури шести пат сезонава да ја освои пол-позицијата. 
 
Инаку, во пресрет на утрешната трка, во генералниот поредок лидер е Маркез кој покрај петте победи уште три пати се искачуваше на подиумот и досега има собрано вкупно 185 бодови. 
 
Зад него се конкурентите од Дукати, двајцата Италијанци Довициозос со 58, односно Петручи кој има 66 бодови помалку од Шпанецот.