-->
-->
Маркез триумфира и во Германија
-->
Марк Маркез направи голем исчекор кон освојување на нова титула, во Мото ГП шампионатот. Шпанецот со одлична стратегија стигна до победа германското Гранд при, возено попладнево во Заксенринг.
Иако стартуваше прв, сепак Маркез откако излета на еден свиок, падна дури на деветтото место, но клучен беше 17-от круг во кој неговиот тим Хонда и Маркез решија тој да влезе во боксот и да продолжи со нов мотор со гуми за суво.
Токму тој потег се покажа како клучен па Маркез трката ја заврши со над 20 секунди предност пред второпласираниот Крачлоу, а Довициозо заврши како трето пласиран
Со новата победа, Маркез сега има 170 бодови, додека второ пласираниот Лоренцо 48 помалку, а Валентино Роси заостанува 59 бода во однос на лидерот во генералниот поредок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица