Спорт плус
30. September 2015 - 13:58

Маркез скрши рака

Актуелниот шампион во кралската класа во Мото ГП шампионатот, Марк Маркез, за време на тренинг во маутинг бајк ја скршил раката. Возачот на Репзол Хонда, се здобил со фрактура на петтата метакарпална коска во левата рака за време кога паднал на  тренингот во Сервера и тој веќе е опериран во Барселона.
 
Доколку рехабилитацијата одим според планираното Маркез ќе биде во тимот на Репсол Хонда на наредната трка во кралската класа, ГН на Јапонија, која се вози на 12.октомври.
 
До крајот на сезоната има уште четири трки, а Маркез веќеги загуби шансите за одбрана на тиутлата. Маркез во генералниот пласман има 95 бодови помалку од лидерот Валентино Роси.