Loading Video...
Спорт плус
20. October 2019 - 16:18

Маркез продолжува да руши рекорди

Старо-новиот првак во Мото ГП шампионатот Марк Маркез ја продолжува својата деноминација сезонава. 

Иако пред две седмици ја осигура својата пета титула во најсилната класа, а вкупно осма во кариерата, Шпанецот, денеска беше најдобар и на јапонското Гранд при, оставајќи ги зад себе конкурентите Фабио Квартаро и Андреа Довициозо.

Со оваа победа Маркез не само што ја обезбеди и титулата за својот тим во конкуренција на конструктори, туку го израмни и рекордот на легендарниот Мик Дуан, па сега двајцата имаат по 54 победи во „кралската“ класа“. 

На вечната листа со најмногу победи неприкосновен о прв е Валентино Роси со 89, а по него е Џакомо Агистини со 68 победи

Следната трка се вози за две недели во Австралија.