Loading Video...
Спорт плус
16. јуни 2019 - 15:48

Маркез победник на шпанското Гранд при во Мото ГП

Шпанецот, Марк Маркез победник на седмата трка во Мото ГП шампионатот. 
 
Членот на Репсол Хонда беше најбрз на патеката крај Барселона каде се возеше за Големата награда на Каталуња. 
 
До својата четврта победа сезонава Маркез стигна пред се благодарение на тимскиот колега Хорхе Лоренцо уште на самиот почеток голема грешка и при својот пад ги елиминира главни ривали на Маркез за највисок пласман Довициозо, Вињалес и Роси. 
 
Таквата ситуација знаеше да ја искористи актуелниот шампион, кој зад себе ги остави Квартараро на второто и Петручи на третото место. 
 
Следната трка ќе се вози на 30 јуни во Асен за Големата награда на Холандија