Loading Video...
Спорт плус
21. September 2019 - 16:52

Маркез ја продолжува доминацијата, оствари нова пол-позиција

Шпанецот, Марк Маркез ќе ја има првата стартна позиција на утрешната трка во Мото ГП шампионатот што ќе се вози за Големата награда на Арагон во Шпанија. 
 
До својата 9-та пол-позиција сезонава, актуелниот шампион Маркез, стигна пред Французинот, Фабио Картараро од тимот на Петронас Јамаха, додека пак неговиот сонародникот Маверик Вињалес ќе ја има третата стартна позиција. 
 
Меѓу шестмината  на стартот на утрешната, инаку 14-та трика, ќе бидат и Џек Милер (Прамак Рејсинг), Алекс Еспаргаро (априлија) и популарниот „Доктор“, Италијанецот, Валентионо Роси кој во денешните квалификации имаше шесто време.   
 
Маркез кој сезонава веќе оствари седум победи е убедливо прв во Генералниот поредок со 275 бодови или 93 повеќе од второ рангираниот Довициозос, кој утре ќе стартува од 10-тата позиција.