Loading Video...
Спорт плус
1. July 2018 - 15:23

Маркез им се врати на победите, триумфира во Холандија

 
Шпанецот Марк Маркез уште еднаш ја потврди својата доминација во најсилната класа односно Мото ГП шампионатот. 
 
Возачот на Хонда, денеска триумфираше на трката за Големата награда на  Холандија која се возеше на патеката во Асен, остварувајќи ја четвртата победа сезонава.
 
Тој зад себе го остави сонародниците,Алекс Ринс од Сузики и Маверик Вињалес од Мувистар Јамаха. 
 
Иако во еден дел од трката конкурентни беа и Италијанците, Довициозос и Роси, сепак тие на крајот завршија на четвртото и петтото место. 
 
Разочарувачки настап имаше победникот на претходните две трки Хорхе Лоренцо кој трката во Холандија ја заврши на седмото место. 
 
Со овој триумф Маркез се зацврсти на првото место во генералниот пласман  сега со 140 бодови, 41 повеќе од второ пласираниот Валентино Роси. 
 
Следната трка ќе се вози по две недели на 15 јули и тоа за Големата награда на Германија.