Фудбал
30. November 2022 - 10:16

Марка: Роналдо е блиску до преселба во Ал Наср

Кристијано Роналдо е блиску до преселба во Саудиска Арабија. Според „Марка“ Португалецот е пред потпис со Ал Наср на договор за период од 2,5 години. За секоја сезона помината во Ал-Наср, Португалецот ќе заработува 200 милиони евра.

Во оваа сума се вклучени платите и приходите од реклами. Роналдо е подготвен да ги намали спортските амбиции и да се пресели во клуб од слаба лига.

Ниту еден од европските клубови не му упати на Кристијано понуда споредлива во износ со договорот што Ал-Наср е подготвен да му го даде. Португалецот исто така не доби поголеми понуди ниту од американската од МЛС.

Саудиска Арабија верува дека преселбата на Роналдо во Ал-Наср ќе помогне да се популаризира фудбалот во земјата и пошироко.

Да потсетиме, неодамна беше раскинат договорот на Роналдо со Манчестер јунајтед и сега напаѓачот е со статус на слободен играч.