Ракомет
4. November 2017 - 9:17

Марка: Македа ќе игра во Германија

По Раул Гонзалез, Циндриќ и Арпад Штербик уште еден ракометар на Вардар според медиумите ќе ја смени средината по завршувањето на договорот во јуни. Тоа е како што пишува Марка Шпанецот Македа кој според овој престижен спортски весник ќе се пресели во Германија во екипата на Рајн Некар.

„Уште еден Шпанец, кој ќе ја смени средината летово е интернационалецот Хорхе Македа. Интерес има од неколку германски клубови, особено од Рајн Некар левен, а фактот дека неговата сопруга Макарена Агилар настапува за Турингер е една од двете клучни причини да го напушти Скопје, по тригодишен престој во редовите на шампионот Вардар", објаснува шпанскиот весник.