Џет-Сет
1. April 2019 - 12:45

Марк Хамил ќе го синхронизира Чаки во „Детска игра“

Марк Хамил ќе го позајми гласот за Чаки – куклата-убиец во новата преработка на хоророт „Детска игра“, кој е веќе во постпродукција.

Премиерата е закажана за 21 јуни 2019 година, а глумецот зад Чаки долго време беше строго чувана тајна.

Во филмот режиран од Ларс Клевберг, ќе глумат и Обри Плаза, Тим Матесон, Брајан Тајри Хенри, Гејбриел Бејтмен и други.

Во првите неколку филма од франшизата, зад Чаки го слушавме препознатливиот глас на Бред Дуриф.